Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2019

ЦИК на Албанија ги соопшти конечните резултати од изборите

0
По еден месец од локалните избори, спроведени на 30 јуни, Централна изборна комисија на Албанија ги соопшти конечните резултати. Според конечните резултати, на 30 јуни, правото на глас го искористиле 811.727 албански граѓани или 22,96 отсто од вкупниот број запишани во еднствениот избрачки список.


Апсолутен победник на изборите, на кои не учествуваше главната опозиција е владејачката Социјалистичка партија. Во 60 од 61 општина градоначалниците се социјалисти, а само со една ќе раководи кандидат на МЕГА, партија на припадниците на грчкото малцинство. Меѓу градоначалниците е и Пали Колефски, кој е нов градоначалник на Пустец, кандидат на Социјалстичката партија.


На состанок на кој комисијата правела анализа на изборниот процес, имало несогласувања, при што претседателот на ЦИК, Клемент Згури одбил да се потпише на финалниот записник. За разлика од него, потпретседателот на комисијата Денар Биба смета дека на овие избори победил Уставот.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса