Ирански потпретседател и поранешен градоначалник на Техеран осуден на смрт за убиство на сопругата
Одбраната на Наџафи има право на жалба во рок од 20 дена. Тој во мај сам се пријави во полиција, по што веднаш беше затворен. Мохамед Али-Наџафи поднесе оставка на местото градоначалник на Техеран во 2018 година поради јавните критики затоа што присуствувал на музичка приредба во едно женско училиште.
