Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2019

Денеска почнува предавањето на предметите од СЈО во ЈО

0
Според најавите, СЈО од денеска треба да почне да ги предава предметите на Јавното обвинителство. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека е утврден начинот на преземање на предметите, а од СЈО потврдија дека се подготвени за трансфер на сите списи и докази во Јавното обвинителство.



Се очекува предавањето на предметите да биде заокружено до 15 септември кога истекува мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“. Засега не се знае кој ќе продолжи да ги застапува предметите и како ќе се распоредат вработените од СЈО.



Стручниот, административен и помошно-технички персонал на СЈО вчера преку јавно писмо изрази разочараност од недоволното внимание кое се посветува на прашањето за иднината на најголемиот дел вработени во ова Јавно обвинителство и апелира до меѓународната заедница која беше дел од процесите на формирање на обвинителството и до политичките чинители во земјава внимателно и активно да ги следи актуелните процеси поврзани за навниот работен ангажман.



Писмото е потпишано од стручниот, административен и помошно-технички персонал на СЈО е адресирано до амбасадите на САД, Кралството Холаднија и Делегацијата на ЕУ, како и до претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и до министерката за правда Рената Дескоска.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса