Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2019

Вонреден состанок на грчката влада за ситуацијата со мигрантите

0
Продолжување на мерките за празнење на островите, зајакнување на силите на крајбрежната служба со бродови и персонал во источниот дел на Егејското море и поголема вклученост на ФРОНТЕКС и НАТО, се одлуките што беа донесени на состанокот под грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одржан денес во премиерската палата во однос на бегалското и мигрантското прашање, брифираат грчки владини извори, а пренесува дописничката на МИА од Атина.


Состанокот се одржа поради зголемениот бран на бегалци и мигранти на грчките острови што се наоѓаат во близина на турското крајбрежје. Денешните одлуки се продолжение на донесените мерки на 31 август 2019 за време на седницата на владиниот совет за надворешна политика и одбрана. 


За само три дена, во вторникот, средата и четвртокот, пристигнале вкупно 1958 бегалци и мигранти, а од почетокот на месецов заклучно со 19 септември, според официјалните податоци од грчката влада, регистрирани се 6473 нови пристигнувања, по морски пат, од Турција. 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса