Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2019

Пендаровски му се заблагодари на Мас за германската поддршка

0
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска во Скопје се сретна со претседателот Стево Пендаровски. Од кабинетот на Пендаровски велат дека на средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави.


„Претседателот Пендаровски на министерот Мас му се заблагодари за силната поддршка од германска страна за отворање на пристапни преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија, за искажаната солидарност со државата по последниот Европски совет, како и за фактот што Германија го држи прашањето за проширувањето во фокусот на агендата на ЕУ,“ се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.


Претседателот изразил очекување дека наскоро ќе се дефинира новата методологија за водење на пристапните преговори и ќе биде донесена одлука за почеток на пристапните преговори.


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса