Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2019

ЕПП во јануари ќе донесе одлука за партијата на Орбан

0
Новиот претседател на Европската народа партија(ЕПП) Доналд Туск, денеска изјави дека на почетокот на следната година ќе донесе одлука за партијата Фидес на унгарскиот претседател Виктор Орбан, која е суспендирана поради кршење на демократските стандарди.


Туск вели дека има намера одлука за тоа да донесе на крајот на јануари. Тој ја исклучува идејата во ЕПП да влезе партијата на италијанскиот десничарски лидер Матео Салвини.


Партијата на Орбан беше суспендирана од страна на ЕПП во март годинава. ЕПП формираше трочлена комисија која до крајот на декември треба да поднесе извештај за Фидес.


Претседателот на партијата, унгарскиот премиер Орбан, често не се согласуваше со официјален Брисел по многу прашања. Тој одби да прифати мигрантски квоти, а критикуван е и поради обидите да ги контролира медиумите, правосудството и академската заедница.


Поради суспензијата ЕПП не го повика Орбан на конгресот во Загреб, на кој Туск вчера беше избран на нов претседател.


.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса