Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2019

Ременски во Обвинителство врши увид во доказите за „Меѓународен сојуз“

0
Пратеничката Фросина Ременски врши увид во доказниот материјал во врска со случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“. Таа беше почесна претседателка на невладината организација, а нејзин претседател беше Бојан Јовановски, кој сега е обвинет и за случајот „Рекет“.


Обвинителството на 9-ти октомври отвори истрага за измамите кои ги направил Сојузот со изградба на центри за возрасни лица, за кои се барале пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други. Ременски увидот во врши во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал. Во случајот „Меѓународен сојуз“, опфатени се пет физички лица и едно правно лице.



Во Обвинителството денеска наместо првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, увид извршил неговиот адвокат Сашо Дуковски. Поканет да направи увид на доказниот материјал од страна на Обвинителството е и таткото на Боки 13, Миле Јовановски,а вчера тоа го направиле потпретседателка на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ и Христина Блажевска, асистентка на Јовановски.


Увидот во доказниот материјал е со цел осомничените да се подготват за давање исказ во Обвинителството во текот на наредната недела.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса