Предлог – законот за јавно обвинителство е пристигнат во Собранието на Република Северна Македонија, а по формалната проверка ќе биде доставен до пратениците, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието. Засега нема информација кога ќе биде закажана седница на која ќе треба да се гласа за законот.
Во Собранието, јавува МИА, се одржува редовна понеделничка средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи на која се очекува да биде дефинирана агендата за парламентарната работа пред распуштањето кое се очекува да се случи неделава, кога и треба да бидат закажани предвремените парламентарни избори најавени за 12 април. По координацијата со Џафери се очекува да биде соопштено кога законот за јавно обвиниктелство ќе се најде на пленарна седница и кога ќе се одржат продолженијата на уште една до две седници.
Владата, претходно денеска, соопшти дека на синоќешната седница го утврдила Предлог-законот за јавно обвинителство. Тој, како што беше кажано, ќе се донесе со поддршка на осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев: Независната пратеничка група ќе гласа „за“ законот за ЈО
Инаку, преговорите за Законот за јавно обвинителство стартуваа пред речиси две години, во март 2018 година првично поради неопходноста да се реши статусот на тогашното Специјално јавно обвинителство. По неуспешните обиди за консензус и случувањата во „Рекет“ во кој првоосомничена е поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, таа си поднесе оставка и од притвор даде согласност предметите на СЈО да преминат во редовното јавно обвинителство. Продолжувањето на предметите на СЈО беше причина преговорите за законот за јавно обвинителство да паузираат. Тие повторно се интензивираа откако еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји минатата недела во Скопје рече дека добар сигнал за Европската Унија ќе биде и доколку законот за Јавно обвинителство биде донесен пред распуштањето на Собранието во февруари.
Зошто е толку проблематичен законот за Јавно обвинителство?
Благотворительный Вечер в «Геликон-Опера»: Искусство во Имя Добра
«Заставлял Костомарова мыть свою машину, чтоб потом он на ней покатался по парковке!» Илья Авербух рассказал о дружбе с Романом Костомаровым в шоу «Вкусно с Анфисой Чеховой» на ТВ-3
Чемпионская ночь! В Оренбурге «Кама» в рамках командного боксерского турнира «Кубок Победы» разгромила «Сталинград» – 5:0
Распределяй и управляй: водители «Грузовичкоф Бизнес» – о преимуществах работы и трудовых буднях
Развитие центров экономического роста и создание аварийно-спасательных центров на территории АЗРФ обсудили на заседании президиума госкомиссии по Арктике
В Архангельске с рабочим визитом побывал «арктический» министр
Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о повышении экологического статуса целлюлозно-бумажных технологий в России