Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2020

Русковска: одбраната за „27 април“ предложи по 300 сведоци од обвинет

0
Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на „27 април“, изјави дека одбраната сама признала дека сите докази им се дадени во пишана форма, освен податоците од мобилните оператори за листата на дојдовни и појдовни повици.


„Лично сметам дека ова е само во насока на одложување на постапката“, изјави Русковска по завршувањто на денешното рочиште.


Таа посочи дека одбраната со последните дополнителни поднесоци имаа побарано да им се прифатат по околу 300 сведоци од обвинет, додавајќи оти смета дека Судот не треба да ги прифати, без при тоа да се наруши правото на одбрана.


Адвокатот на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, Јордан ги негираше тврдењата на Русковска дека бранителите предложиле по околу 300 сведоци од обвинет, посочувајќи дека за неговиот клиент се предложени десетина сведоци. 



Одложено судењето за „организаторите на 27 април“


Инаку судењето на обвинетите за организација на насилствата на 27 април 2017 година во Собранието денеска се одложи за на 26 февруари. Причината е да и се овозможи на одбраната да изврши увид во доказите кои не им биле доставени од претходниот судски процес за случувањата на 27 април. Во овој случај обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски. Тие се товарат за кривично дело- терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса