Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2020

Јамајка демантира дека го признала Косово

0
Министерката за надворешни работи на Јамајка Камина Џонсон- Смит го демантираше косовскиот претседател Хашим Тачи дека карибската островска држава го признала суверенитетот на Косово.


Тачи ова го соопшти доцна вчера на социјалната мрежа Твитер. Тој напиша дека косовската амбасадорка во Соединетите Американски Држави Влора Читаку вчера била известена дека Јамајка го признала Косово.




Претседателката на косовското собрание Вјоса Османи исто така им се заблагодари на властите во Јамајка за признањето на Косово.


Но, јамајканската министерка Џонсон- Смитво денешното соопштение наведува дека до денеска тие не го признале Косово како независна држава. Досега повеќе од сто земји во светот ја признаа косовската независност, која Приштина ја прогласи во февруари 2008 година на што официјален Белград силно се противи.


 


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса