Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июнь
2020

Поради контакт со заразената жена во Дебар во изолација и шестмина здравствени работници

0
Поради контакт со заразената жена во Дебар во изолација и шестмина здравствени работници

Поради контакт со заразената жена со КОВИД-19 од селото Долно Косоврасти во домашна изолација се најмалку 17 лица, од нив шестмина здравствени работници.

„Во домашна изолација поради контакт се двајца лекари, четири медицински сестри и двајца возачи, еден кој со возило ја транспортирал од селото до Дебар и другиот кој ја транспортирал до Скопје. Во исто време најмалку девет лица најблиски роднини на пациентката се исто така во изолација“, изјави за МИА Баки Халили, директор на Општата болница во Дебар.

Короната урива рекорди - Филипче смирува

Заразената жена на околу 44-годишна возраст која пред неколку години е оперирана од тумор во мозокот, беше прв случај на новозаразен во дебарско по цели педесет дена.

Таа, според Халили, била примена во средата навечер во Општата болница во Дебар, со висока телесна температура и чести епилептични напади.

По направената консултација, лекарите одлучиле да ја препратат во клиниките за неврологија во Скопје, каде ѝ бил земен брис и по добиениот позитивен резултат на коронавирус, била префрлена во Инфективната клиника.

Поради контакт, во изолација, како што пренесуваат дел од медиумите, од оваа клиника се тројца лекари, две сестри и четворица болничари.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Потапова и Павлюченкова вышли в полуфинал турнира WTA в Мадриде в парном разряде






Патриарх Московский Кирилл поздравил верующих с Воскресением Христовым

Обзор «Чазовского» дома в районе Крылатское в Москве

Всероссийский конкурс туристических магнитов России приглашает к участию

Студент Влад Трапезников принял участие в акции и нарисовал граффити на станции