Србија е подготвена за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската унија, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ по разговорот во Белград со специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак.
Српската Влада по завршувањето на состанокот соопшти дека премиерката Брнабиќ ја оценила како позитивен сигнал подготвеноста во агендата на дијалогот да биде имплементирано договореното од Бриселскиот договор.
Во соопштението се вели дека претставникот на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак потврдил дека ЕУ ќе инсистира на имплементација на сите претходни договори и објаснил дека на дијалогот гледа како на платформа за решавање на сите отворени прашања.
Лајчак го истакнал очекувањето дека разговорите ќе продолжат во јули, додавајќи дека целта е да се работи на остварување напредок во постигнување на конечен и сеопфатен договор меѓу Белград и Приштина, се вели во соопштението.
Денеска претходно и портпаролот на ЕУ Петер Стано потврди дека следниот месец ќе биде продолжен дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
Зборувајќи за надворешно-политичката ориентација на земјата, српската премиерка Ана Брнабиќ истакна дека забрзувањето на европскиот пат и реформскиот процес е прва порака на Србија по завршувањето на парламентарните избори.
„Европскиот пат на Србија и продолжувањето на реформите, како и соработката во регионот ќе биде приоритет и на следната влада“, изјави Брнабиќ.
Владимир Путин, Дмитрий Медведев, Анатолий Голод: ПРИЗНАНИЕ НАТО НАДО ПРИМЕНЯТЬ!
«Школа вожатых» прошла в школе №7 в Реутове
Семинар библиотекарей Ленинского округа прошел в Центральной библиотеке
Филиал № 4 ОСФР по Москве и Московской области информирует:
Свыше 5,2 миллиона жителей Московского региона получают набор социальных услуг в натуральном виде
Владимир Путин, Дмитрий Медведев, Анатолий Голод: ПРИЗНАНИЕ НАТО НАДО ПРИМЕНЯТЬ!
Объект культурного наследия «Фабрика-кухня» горит на севере Москвы
Филиал № 4 ОСФР по Москве и Московской области информирует:
Свыше 5,2 миллиона жителей Московского региона получают набор социальных услуг в натуральном виде
Попурри мелодий и дух патриотизма: военный оркестр в парке «Кузьминки» отметил День России
Филиал № 4 ОСФР по Москве и Московской области информирует:
Свыше 5,2 миллиона жителей Московского региона получают набор социальных услуг в натуральном виде
Социальные и ESG-проекты ГПМ Радио названы лучшими в России
Владимир Путин, Дмитрий Медведев, Анатолий Голод: ПРИЗНАНИЕ НАТО НАДО ПРИМЕНЯТЬ!
Попурри мелодий и дух патриотизма: военный оркестр в парке «Кузьминки» отметил День России