Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2020
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24
25
26 27 28 29 30 31

На базен со маска и на растојание, не важат веќе правилата за седење во кафулиња и кафеани

0
Владата на денешната седница усвои протоколи за работа на базени и плажи во услови на пандемија со ковид -19,што ги предложи Комисијата за заразни болести.


Освен задолжителното почитување на основните превентивни мерки за носење маска и физичка дистанца од 1,5 – 2 метри и на плажа и во вода, често миење на рацете со вода и сапун, и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите, протоколот за плажите предвидува и информирање на посетителите на почитување на мерките. Тоа треба да се прави со видливо истакнат едукативен материјал и со гласовно информирање. Протоколот предвидува и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 м² нето површина. Задолжителна дистанца треба да има и меѓу лежалките и соседните чадори, а луѓето пред да употребат лежалка треба да си постават пешкир врз неа.


Дали е безбедно да патувате летово?


Се забрануваат групните спортови (како одбојка на плажа), и задолжително е одредувањето лица кои ќе го контролираат бројот на посетителии спроведувањето на мерките. На плажите не се препорачува користење на гардероби на плажа.


Што се однесува до базените и таму ќе важат истите правила за заштитна на лицето и растојание. Растојание да се почитува и на билетара и се препорачува плаќање со картичка или да се обезбеди онлајн купување на билети.


Пред влезот на базените задолжително е да се постави подлога за дезинфекција на сите посетители и да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете.При влез во базенот посетителот треба да се истушира и да помине преку базата за миење на нозете.


Со протоколот се ограничува бројот на посетители во објектот согласно квадратурата на објектот, максимум 15 посетители на 100 м² нето површина (вклучително и површината на базенот)или еден пливач на 7 м² во базенот.


На базените не се препорачува користење на угостителски услуги, а базените во хотелите да ги користат само гостите од хотелот.


Владата денеска донесе и измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса