Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2020
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24
25
26 27 28 29 30 31

ЕУ се надева на важен исчекор во односите Белград – Приштина

0
Високиот претставник на Европска унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска ги извести министрите за надворешни работи на ЕУ за продолжувањето на Дијалогот Белград – Приштина истакнувајќи дека се надева дека на следниот состанок ќе има „важен чекор во правец на нормализацијата на односите помеѓу Белград и Приштина.


„Задоволен сум што можам да објавам дека Дијалогот Белград – Приштина повторно е придвижен и оти разговорите што почнаа во неделата ќе продолжат со втор состанок в четврток. Имаме широка агенда и договор за тоа за што мораме да разговараме за да дојдеме до правно обврзувачки договор за нормализација на односите помеѓу Приштина и Белград“, истакна Борел.


Тој додаде дека ЕУ и специјалниот претставник Мирослав Лајчак „направиле добра работа“ за продолжување на Дијалогот Белград – Приштина.



Лајчак:Дијалогот меѓу Белград и Приштина вратен на вистинскиот пат


Лајчак по вчерашната видео-средба помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека „Дијалогот е вратен на вистинскиот пат“ по 20 месечен застој.


Вучиќ и Хоти в четврток треба да се сретнат во Брисел. 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса