Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2020
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24
25
26 27 28 29 30 31

Од ковид-19 во Иран досега починаа тројца пратеници

0
Уште еден пратеник од иранскиот Парламент почина како последица на ковид-19, соопштија денеска иранските државни медиуми. Од коронавирус почина 59 -годишниот пратеник Иса Џафари, кој е третиот пратеник што почина од почетокот на пандемијата во февруари. Од ковид-19 претходно починаа и пратениците Фатемех Рахбар, пратеник од главниот град Техеран и Мохамед Али Рамезани, пратеник од северната провинција Гилан.


Со коронавирус во април беше заразен и претседателот на Парламентот, Али Лариџани, но тој се опорави.


Денеска Министерството за здравство на Иран објави дека досега има дијагностицирано 259.652 случаи со ковид-19, а вкупно 13.032 лица починале


Иран е една од најтешко погодените земји во светот и постои загриженост дека реалните бројки се многу повисоки.



Дали податоците ја даваат вистинската слика за пандемијата?


Од ублажувањето на мерките кон средината на мај, правилата за заштита сè повеќе се игнорираат, што доведува до нагло зголемување на позитивните случаи.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса