Германска влада- Навални „веројатно“ е отруен, заштитата му е неопходна
Германската влада соопшти дека „ најверојатно“ критичарот на Кремљ, Алексеј Навални е отруен во Русија и дека му е потребна лична заштита додека е згрижен во болница во Берлин. Навални беше пренесен во Германија на 22 август од Сибир, каде што му се слоши на домашен руски лет, а руските лекари тврдат дека имал метаболичко нарушување.
Зголемено обезбедување во болницата кај што се лекува Навални
Соработниците на Навални, пак, сметаат дека тој е отруен откако испил чај на аеродромот во Томск на кој се качи во авион за Москва. Но, авионот вонредно слета во Омск откако на Навални му се слошило за време на летот.
"Имаме работа со пациент, кој најверојатно бил отруен“, рече Стефен Зајберт, портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел.
Непријателите на Кремљ со мистериозна судбина
Тој на новинарите во Берлин им рече дека се сомневаат дека некој го отрул Навални, за што, како што додаде, има примери во скорешната руска историја.
"Бидејќи има можност да се работи за труење, заштитата е неопходна“, рече Зајберт.
Дирк Виесе, координатор во германската влада за источно европски прашања, за мрежата ЗДФ рече дека рускиот опозициски лидер останува во критична, но стабилна состојба.