Бајден го презеде водството во Пенсилванија и Џорџија
Кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден моментално е во водство пред актуелниот претседател Доналд Трамп, во клучните сојузни држави Џорџија и Пенсилванија, приближувајќи се со тоа кон освојувањето на Белата куќа .
Гласачките ливчиња од изборите сè уште се пребројуваат, а Бајден во моментот е во водство со 253 освоени електорски гласови, додека актулениот претседател Доналд Трамп има 214.
За да ја освои Белата куќа, кандидатот треба да освои 270 гласа на Изборниот колеџ.
Во Аризона Бајден води со 49,9 гласови разлика.
Во Џорџија Бајден води со 1.586 гласови разлика, но од оваа држава најавија дека повторно ќе ги бројат гласовите поради малата разлика.
Во Невада Бајден води со 49,7 проценти, а Трамп има 48,1 процент од гласовите, но се уште треба да се проверат 1,0 проценти од гласовите.
Во Пенсилванија, која е клучна држава со 20 електори, Бајден води со 13.387
гласови, останува да се проверат 4,3 проценти од гласовите.
Бајден се поблиску до победа, Трамп бара судска разврска
Победата во Пенсилванија би му дала на Бајден 273 гласа во Изборниот колеџ, што би било над прагот од потребните 270 за да се добие претседателската функција. Сепак, остануваат уште доволно гласови за Трамп да се врати.