Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2020

Лајен: Брисел очекува позитивно решение за интеграција на Северна Македонија во ЕУ

0
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјавила дека  Брисел очекува позитивно решение како заеднички остварен резултат на сите страни за успешна интеграција на Северна Македонија во ЕУ, е наведено во соопштението од македонската Влада по нејзиниот телефонски разговор со премиерот Зоран Заев. Во владиното соопштение е наведено дека Лајец истакнала оти е успешен и позитивен пример за Западен Балкан за остварените реформи, за постигнатите договори со Грција и Бугарија, и за лидерството во регионалната соработка.



Како што соопшти владината прес-служба, на разговорот, на кој присуствувале вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Заев изразил благодарност за пакетот за проширување и за позитивниот извештај на Европската комисија .



Премиерот Заев ја информирал претседателката на ЕК Фон дер Лајен и за тековните разговори со Република Бугарија и ги презентирал позициите на Северна Македонија.Во тој контекст, како што се наведува во соопштението, Заев се заблагодарил за личниот ангажман на претседателката на ЕК, како и на сите еврокомесари, особено нагласувајќи го ангажманот на овој план на германското претседателство со ЕУ и за посветеноста да се најде решение, кое ќе биде успех за Северна Македонија, за Република Бугарија, за ЕУ и за Западен Балкан.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса