Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2022

ССМ: На први мај масовен синдикален протест за повисоки плати

0
Масовен синдикален протест со кој ќе се изрази револтот кај работниците од незголемувањето на останатите плати со порастот на минималната плата најавуваат од Сојузот на синдикатите на денот на трудот. 


Од ССМ соопштуваат дека на први мај ќе одржат протестен марш кој ќе  започне пред зградата на Синдикатот по што ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.



Генерален штрајк на вработените во образованието, науката и културата


Главното барање е линеарно зголемување на сите плати во јавниот и приватниот сектор.


„Потребни се похрабри, поинтензивни и побрзи реакции за надминување на проблемите, за зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ на сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за креирање нови визии и перспективи. Ја повикуваме Владата на поголема продуктивност и решителност во делувањето за зголемување на платите на работниците“, се наведува во прогласот што денеска го објави ССМ.


Од ССМ ги повикаа сите работници и синдикати да се приклучат на протестот т на кој како што велат ќе порачаат дека зголемувањето на платите на работниците мора да се случи веднаш.

 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса