Со преселба во странство до лек и подолг живот на ќерката со цистична фиброза
Борбата со нефункционалниот здравствен систем го принуди семејството Катушевски спас да бара во странство, каде има систем за лекување на децата со цистична фиброза. Во земјава со болеста живеат стотина пациенти. Има нов лек за третман на болеста, ама државата не го купува бидејќи и е скап.