Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новиот в.д. директор на МКЦ ги сменил бравите во сметководство и во архива

0
Новиот в.д. директор на МКЦ ги сменил бравите во сметководство и во архива

Новоименуваниот в.д директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), дипломираниот детектив, Никола Алексов, ги сменил бравите од сметководството и архивата во објектот, потврди вечерва Маргарита Арсова, програмски уредник во МКЦ.

„Ова кај нас вработените создава и сомнеж и несигурност. Зошто би се менувале бравите? За да влезат вработените затвора и отвара тој и тоа ќе трае додека трае ревизијата на работењето од градот, според она како што биле известени вработените“, вели Арсова.

За изјава по овие наводи, го побаравме в.д. дикректорот Никола Алексов, но тој не одговори на нашите пораки и на нашиот повик.

Алексов, без професионално искуство во културата, беше именуван на директорската функција неколку дена по неговото вработување во МКЦ, откако не му беше продолжен мандатот на дотогашниот в.д директор Ванчо Богоев.

Програмскиот колегиум на МКЦ реагираше дека МКЦ повторно е на мета на партиските игри. Оттаму ја оспоруваат и легитимноста на назначувањето на Алексов за в.д директор бидејки, како што објаснуваат, не е од редот на вработените на институцијата туку е вработен во агенција за привремени вработувања.

„МКЦ е повторно на мета на партиски игри, ќе го води детектив, зашто Богоев одбил да го вработи Бени Шаќири“, реагира Програмскиот колегиум.

Да се врати буџетот на МКЦ на истото ниво на кое до сега бил финансиран со години наназад и да се спроведе фер и коректен конкурс за избор на директор, на кој ќе се избере најквалитетниот професионален профил кој ќе се пријави на истиот бара неформалното движење „Сите за МКЦ“, организирано од здружението „Гола Планина колектив“. Оттаму подготвиле петиција која може да ја потпишат подржувачите на барањата.

Во неделата ентузијасти и љубители на независната култура се собраа на платото пред Младинскиот културен центар во знак на протест против политизирањето на културната установа. „МКЦ не е партиска цицка“ и „Културата е скапа! Некултурата поскапа!“, гласеа дел од паролите истакнати на протестот.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Саснович пробилась во второй раунд турнира WTA-1000 в Риме






"Американская мечта" сегодня. Теория заговора оказалась правдой

Глава Воскресенска поздравил ветерана ВОВ с праздником

Восстановленный советский танк Т-70 прошел своим ходом по центру Мелитополя

Проект «Книга памятников-героев Москвы» пополнился новыми историями