Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Стотици протестираа во Авганистан против палењето на Куранот во Шведска

0
Стотици протестираа во Авганистан против палењето на Куранот во Шведска

Стотици авганистански мажи одржаа денеска протест во источниот град Хост за да го изразат гневот поради палењето на Куранот во главниот град на Шведска за време на викендот.

Шведско-данскиот екстремно десничарски политичар Расмус Палудан на 21 јануари запали примерок од муслиманската света книга пред турската амбасада во Стокхолм.

Оттогаш се одржуваат протести во некои муслимански земји, а денеска толпа авганистански мажи го осудија инцидентот во Хост, град кој се граничи со Пакистан.

„Смрт за шведската влада, смрт за таквите политичари“, скандираа демонстрантите на главниот плоштад во градот, јави дописникот на АФП.

„Народот на Хост го осуди палењето на Куранот во Шведска и ги повика муслиманските земји да го кренат својот глас против овој злобен и гнасен политичар“, изјави за АФП Кадир Лаканвал, демонстрант и еден од организаторите на собирот.

Демонстрации против палењето на Куранот од страна на Палудан избувнаа и во Ирак и Пакистан, а Индонезија во вторникот го повика шведскиот пратеник во земјата поради инцидентот.

Откако талибанците ја презедоа власта во август 2021 година, тие забранија протести кои не се дозволени од режимот, особено оние кои повикуваат на правата на жените на образование и работа.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Стефанос Циципас

Греческий теннисист Стефанос Циципас поблагодарил мать за советское воспитание






Деньги начали "гореть": россиян призывают спасать свои сбережения

Ефимов: для целей программы реновации Москва выделила 9 га за январь-март

Собянин оценил развитие портала mos.ru

Российское высшее образование — одно из лучших в мире, заявили в правительстве Вьетнама