Општините издале дозвола за изградба на нови 913 станови
Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во однос на октомври минатата година, е забележан раст од 11 проценти на издадените дозволи за градба.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 216 се наменети за објекти од високоградба, 75 за објекти од нискоградба и 72 за објекти за реконструкција.
Според податоците од Државниот завод за статистика, за изградбата на 363 објекти, како физички лица инвестиртори се јавуваат 223, додека за останатите 140 објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 913 станови, со вкупна корисна површина од 81 247 м2. Од почетокот на годинава заклучно со октомври општините издале на 3 илјади дозволи за градби на објекти.
Рекорден по издадени одобренија за градба годинава е Гази Баба, додека по број на станови Аеродром. Последниот попис покажа дека една третина од становите во државата се празни.