Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Црна Гора затвора три поглавја од преговорите со ЕУ, велат во Брисел

0
На претстојната меѓувладина конференција на земјите од Европската унија (ЕУ), Црна Гора најверојатно ќе затвори три поглавја од пристапните преговори, изјавија за Радио Слободна Европа (РСЕ) повеќе дипломатски извори во Брисел.


Подгорица се надеваше дека ќе затвори четири поглавја, но, според овие извори, Хрватска дала индикации дека нема да дозволи затворање на поглавјето 31, кое се однесува на надворешната, безбедносната и одбранбената политика.


Попладнево (13 декември) ќе се одржи состанок на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на кој учесниците ќе го договорат текстот на конечните заклучоци за проширувањето и ќе одлучат за бројот на поглавја што ќе ги затвори Црна Гора, како и за кластерот кој следната недела ќе го отвори и Албанија.




За отворање или затворање на секое поглавје неопходна е согласност од сите земји-членки на Европската унија.


Како што е кажано за РСЕ, Црна Гора привремено ќе го затвори поглавјето седум (права на интелектуална сопственост), поглавје 10 (информатичко општество и медиуми) и поглавје 20 (деловни и индустриски политики).


Во процесот на пристапните преговори, официјална Подгорица ги отвори сите поглавја и привремено затвори три. Последен пат затвори поглавја во 2017 година.


Доколку се затворат најавените три, Црна Гора практично во еден ден ќе затвори онолку поглавја колку што има вкупно затворени до сега.


По позитивниот ИБАР (Извештаj за исполнување на привремените одредници), Црна Гора во јуни годинава излезе од повеќегодишниот застој и го деблокираше пристапниот процес, но потоа се влошија односите со соседна Хрватска, која е членка на Европската унија.


Освен отворените прашања со Загреб од претходно, ситуацијата се смири откако Собранието на Црна Гора на крајот на јуни ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац. Загреб ова го оцени како провокација и прогласи тројца високи црногорски функционери за непожелни лица во Хрватска.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Блинкова обыграла Росе и вышла во второй круг турнира WTA в Лиможе






Президент Чехии Петр Павел поднял пенсионный возраст до 67 лет

Москвичи собрали еще около 5 тонн гуманитарной помощи для детей и бойцов СВО

Призывники из Башкирии пополнили научные роты Минобороны России осенью 2024 года

Беспилотник с примотанной взрывчаткой нашли в поле в Новой Москве