Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28
29
30
31

Стопанската комора на северозападна Македонија апелира трговците да си го одржат зборот за намалени цени

0
Компаниите кои доброволно се согласија дека ќе ги намалат цените на основните прехранбени производи во рамки на новогодишната кошничка, да си го одржат зборот и да не го прекршуваат ветеното, апелира Стопанската комора на северосападна Македонија (СКСЗМ).


Комората досега нема потврда дека некои од нејзините членки не се придржуваат до оваа мерка и дека направиле какви било зголемувања на цените надвор од договореното.


„Компаниите што предложија сами, самоволно, без никаков притисок, треба да се придржуваат кон тој предлог, да ги почитуваат предлозите и мерките што ги креиравме заедно со Владата. Не можеме да знаеме 100 отсто, но засега немаме информации дека некои наши членки не се придржуваат до мерката. Имаме и Управен одбор кој ни кажува дека нема такви промени. Ние само можеме да апелираме до нашите членки кои дале збор до 15 јануари да ги држат тие цени, да се придржуваат на тој предлог. Верувам дека треба така и да постапат, изјави денеска претседателот на СКСЗМ, Менди Ќура.




СКСЗМ уште еднаш го потврди ставот дека е против замрзнување на цените и ограничување на маржите.


„За ограничување на маржите, ние сме против. Како Комора секогаш бевме и против замрзнување на цените. Ние сме за слободен пазар и тие ставови не ги менуваме. Мислиме дека слободниот пазар е главниот фактор во државата што треба да го процени квалитетот и  квантитетот“, истакна Ќура на прес-конференција.




Поради поплаките на граѓаните дека се зголемени цените на некои прехранбени производи кои не се дел од новогодишната кошничка, Владата деновиве најави зајакнати инспекциски контроли во маркетите и можни ограничувања на цените и маржите на овие производи.


Од 15 декември почнаа да важат цените од таканаречената „новогодишна кошничка“ во која производите би требало да се со пониски цени од минимум 10 проценти.


Бројката на производи кои влегуваат во кошничката се очекува да достигне до 1000, опфатени се околу 80 компании, но во неа не влегуваат маслото шеќерот, кафето и какаото за, како што беше кажено, да не им се направеле големи штети на компаниите.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Даниил Медведев

Даниил Медведев обошёл Пита Сампраса по сумме заработанных за карьеру призовых






Москвичи тратят на новогодние подарки до 10 тыс. рублей: что выбирают чаще?

«Без шуток»: Лебедев назвал страну, у которой есть настоящая свобода

Подробная инфографика MMORPG Black Desert в честь юбилея: есть мировые рекорды и у игроков из России

Tetralab снова лучшие - журнал "Expert RF" объявил результаты премии "Предприниматель года 2024"