Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2024

Избрана градската власт во Подгорица и покрај конфликтот меѓу коалициските партнери

0
Градското Собрание на црногорскиот главен град доцна синоќа го избра Саша Мујовиќ, функционер од „Движењето Европа сега“ и актуелен министер за енергетика за градоначалник на Подгорица. Претходно за претседател на градскиот парламент беше избрана Јелена Боровиќ Бојовиќ од коалицијата „За иднината на Подгорица“.


Со ова се официјализираше новата-старата коалиција, која ќе ја сочинуваат владејачките партии на државно ниво - Движењето Европа сега (ПЕС) на премиерот Милојко Спајиќ, Демократите и проруската партија Демократски фронт и Движењето за Подгорица (ПзПГ ) поддржан од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.


Со новото свикување на подгоричкиот парламент мнозинство ќе биде 31 од вкупно 59 советници.


„Моја голема желба е да создадам европска Подгорица која ќе биде вистински претставник на европска Црна Гора затоа што и припаѓа во секој поглед“, рече новиот градоначалник Мујовиќ.




Во опозиција ќе останат Демократската партија на социјалистите, која на изборите освои најмногу советнички мандати, Европската партија за напредок на Душко Марковиќ, Движењето УРА на Дритан Абазовиќ и Движењето Пресврт.


Договорот за формирање влада во Подгорица е постигнат и покрај отворениот конфликт и меѓусебните обвинувања меѓу претседателот Милатовиќ и владејачкото мнозинство предводено од премиерот Милојко Спајиќ.



Во последните објави на социјалните мрежи, Милатовиќ го нарече парламентарното мнозинство „антицрногорско и антиевропско“, додека Движењето Европа сега (ПЕС) на Спајиќ рече дека Милатовиќ е „политички погребан“.


Повод беше судир околу постапките за разрешување судии на Уставниот суд.


На расправата во Собранието на Подгорица беа споменати клучните проблеми на главниот град со кои ќе се соочи новото раководство.



Меѓу нив се отсуството на колектори за третман на отпадните води, немањето паркинг места, проблемите со отстранување на сметот и друго.



Дел од граѓаните, невладиниот сектор и дел од политичките партии дадоа отпор на носењето на новиот Просторен урбанистички план без јавна расправа.



Просторниот план е изготвен и предложен по ветувањето на Владата дека наскоро ќе почнат да градат нов станбен простор на периферијата на Подгорица за 20.000 жители.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Мария Шарапова

Боня в костюме страуса, укутанная салатом Шарапова, Долина со змеей на голове: эксперименты звезд со стилем в 2024-м






Змея подколодная: судьбоносные для России годы Змеи

Названы самые дорогие зимние поездки россиян в 2024 году

МТС: в 2024 году число нежелательных звонков в России выросло на 48%

Средняя стоимость частного жилого дома в Пермском крае превысила 5 млн рублей