Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Најмалку 66 загинати во пожар во хотел во Турција

0
Бројот на загинати во пожарот што денеска (21 јануари) зафати хотел во ски-центар во северозападна Турција се искачи на 66, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.


„Нашата болка е голема“, им рече Јерликаја на новинарите во одморалиштето Карталкаја на околу 170 километри северозападно од главниот град Анкара, додавајќи дека „66 граѓани ги загубија животите, а 51 е ранет“.


Пожарот избувнал околу 3 часот наутро во ресторанот на 12-катниот хотел Гранд Картал во туристичкиот град Карталкаја во провинцијата Болу, соопштија официјални лица.


Две од жртвите починале откако во паника скокнале од зградата, изјави гувернерот Абдулазиз Ајдин за државната агенција Анадолу.


Приватната телевизија НТВ објави дека некои се обиделе да излезат од своите соби користејќи чаршафи и ќебиња.


Во хотелот престојувале 234 гости, изјави Ајдин.


Нечми Кепчетутан, инструктор за скијање во хотелот, рече дека спиел кога избувнал пожарот и веднаш ја напуштил зградата. Тој за телевизијата НТВ изјави дека потоа им помогнал на околу 20 гости да го напуштат хотелот.


Тој рече дека хотелот бил полн со чад, што им отежнувало на гостите да најдат излез во случај на пожар.


„Не можам да дојдам до некои од моите ученици. Се надевам дека се добро“, рече инструкторот.


Владата назначи шест обвинители да ја водат истрагата за пожарот.


Карталкаја е популарно скијачко одморалиште во планините Короглу, околу 300 километри источно од Истанбул. Пожарот се случи за време на училишниот распуст кога хотелите во регионот се полни.


Кабинетот на гувернерот Ајдин соопшти дека на местото на настанот се испратени 30 противпожарни возила и 28 возила на брза помош.


Другите хотели во одморалиштето се евакуирани како мерка на претпазливост, а гостите се сместени во хотелите околу Болу.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Australian Open

Д. Шнайдер вышла в третий раунд Открытого чемпионата Австралии в парном разряде






Московская «Неделя памяти» открылась выставкой о Праведниках народов мира

Планов миллион. Фронтовику Жоресу Артёмову исполнилось 100 лет

Более 4 млн на лекарства и питание. Новости фонда «АиФ. Доброе сердце»

«АТОЛ Онлайн»: Продавцам возвращают каждый 14-й подарок на Новый год