Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2025

Продолжува штрајкот на наставниците во дел од училиштата во Србија

0
Дел од вработените во училиштата во Србија и на 22 јануари продолжија со прекин на работата до конечната одлука за генерален штрајк во образованието.


Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) соопшти дека во голем број училишта низ државата нема настава или часовите се скратени од 45 минути на 30. Просветните работници кои штрајкуваат во Србија бараат повисоки плати и подобри услови за работа во училиштата.


Тие ги поддржаа студентите кои веќе два месеца ги блокираат факултетите барајќи одговорност од властите за смртта на 15 лица во уривањето на бетонската настрешница на реконструираната железничка станица во Нови Сад на 1 ноември.


Српското Министерство за образование на 21 јануари објави дека наставата се одвива во повеќе од 96 отсто од вкупно 1773 основни и средни училишта.


Во изминативе денови, во Белград и во некои други градови, на јавни места се појавија графити и транспаренти со црвена тупаница и паролата „Рацете ви се крвави“ како своевиден „одговор“ на симболот на студентските протести во Србија, преку кои се бара одговорност од властите за смртта на петнаесет лица во Нови Сад.




Студентите во блокадата на белградскиот универзитет на 21 јануари испратија писмо до синдикатите на сите просветни работници во Србија, синдикатите на работниците во Српската пошта и работниците во Електростопанството на Србија (ЕПС), во кои официјално ги повикаа на штрајк за поддршка на студентите „со цел да се радикализираат акциите на општеството за  исполнување на студентските барања“.


Во писмото до синдикатите, кое го доставија до медиумите за време на блокадата, тие наведуваат дека студентските заложби за функционирање на институциите во Србија трае веќе со недели и дека нивните барања би биле незамисливи во функционална држава.


Во знак на протест, студентите блокираат повеќе од 60 факултети ширум земјата, барајќи одговорност за трагедијата во Нови Сад  на 1 ноември.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Янник Синнер

Хавбек "Пари НН" Калинский: Синнер - адекватный парень, одобряю выбор сестры






Володин сообщил о планах посетить Индию

Два человека погибли при пожаре в квартире многоэтажки на юго-востоке Москвы

Американский журналист заявил, что Овечкин может стать президентом России

В Москве открылся операционный блок для сложнейших детских операций