Вкупно 318 милиони денари, или пет милиони евра вратиле Клиниките во Фондот за здравствено осигурување во 2024 година. Неискористените средства се дел од таканаречените условни буџети, наменети за скапи и иновативни лекови. Иако пари имало, онколошки пациенти повторно реагираат дека нема лекови од нивната терапија.