Путин му ја честиташе победата на Лукашенко, очекува поблиска соработка со Белорусија
„Убедливата победа на изборите јасно укажува на вашиот висок политички авторитет, како и на непобитната поддршка на населението за политиката што ја води Белорусија“, рече Путин.
Како што изјави рускиот претседател, двајцата неодамна придонеле многу за зајакнување на пријателските односи меѓу Москва и Минск.
Русија и Белорусија ќе продолжат тесно да соработуваат за зајакнување на нивната мултилатерална соработка, зголемување на ефикасноста на институциите во државата на Унијата и унапредување на заемно корисните интегративни процеси во евроазискиот простор, додаде Путин во телеграмата до својот белоруски колега.
Лукашенко (70) ја водеше Белорусија како диктатор повеќе од 30 години. Тој одржуваше блиски односи со Русија - особено откако за малку ќе ја загубеше власта по масовните протести во 2020 година.
Според прелиминарните резултати на Државната изборна комисија, Лукашенко освоил со 86,82% од гласовите, што е негов најдобар резултат досега. Тој ќе отпатува во Русија на првото патување во странство во седмиот мандат.