Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2025

Шлапка: Полска е посветена на проширувањето на ЕУ

0
Проширувањето на ЕУ еден од приоритетите на полското претседавање и Полска е амбициозна и посветена на овој процес, изјави денеска полскиот министер за Европска Унија, Адам Шлапка пред почетокот заседанието на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел.  


„Но, напредокот на зависи само од Претседателството. Напредокот зависи и од Комисијата, напредокот зависи и од земјите членки и секако и од кандидатите за членство“, рече Шлапка, додавајќи дека Полска има амбициозна програма во однос на проширувањето. 


Тој додаде дека полското претседателство ги чека извештаите од Европската комисија и е подготвена прашањето за проширувањето да го „стави на маса“ пред Советот на ЕУ. 


Во однос на протестните собири во Србија, Шлапка рече дека протестите се дел од демократијата и со нив луѓето го искажуваат своето мислење.  




Во одговор на новинарско прашање за ставот на Полското претседателство за овие протести, Шлапка изјави дека на нив се гледа и како на еден вид поддршка за напредокот на Србија кон Европската Унија.  


„Ние сме решени да го забрзаме процесот на проширување, вклучително и во однос на Србија“, додаде Шлапка. 


Инаку приоритетите на полското претседателство со ЕУ во првите шест месеци од годинава се главна тема на денешното заседание на Советот за општи работи на Европската Унија.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Роттердам (ATP). 2-й круг. Медведев встретится с Беллуччи, Хуркач – с Лехечкой






Официальные Zeekr в России получат новый логотип, очень похожий на логотип белорусского бренда Belgee

РБК: в ходе эксперимента с беспилотными автомобилями в России произошло 36 ДТП

В аэропорту Сиэтла столкнулись пассажирские самолеты

Забайкальский край наградили за успехи в создании модельных библиотек по нацпроекту «Культура»