Екипата на Радио Слободна Европа направи обиколка низ општината Шуто Оризари чии жители се пожалија дека Градот Скопје ги става на маргините. За отпадот, кој таму не може, а да не го забележите, нема решение ни градоначалникот Курто Дудуш, ниту пак градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.