Папата Франциск повика на прекин на судирите во источниот дел на Конго
„Ги повикувам сите страни во конфликтот да се заложат за прекин на непријателствата и заштита на цивилното население во Гома и другите региони погодени од воените операции“, истакна папата.
Тој упати апел „што е можно поскоро да прекинат сите форми на насилство“ и оти ќе се моли „за враќање на мирот и безбедноста“.
Изминатите денови се водат борби помеѓу армијата и припадниците на бунтовничкото Движење 23 март (М23), кои го зазедоа градот Гома. Во борбите загинаа над сто луѓе, а речиси илјада лица се повредени.
Владата на ДР Конго тврди дека од почетокот на годината поради борбите во источниот дел на земјата раселени се повеќе од 500 000 луѓе.
Демонстрантите вчера нападнаа неколку амбасади во Киншаса, вклучувајќи ја и амбасадата на Руанда. Официјална Киншаса ја обвинува Руанда за поддршка на М23.