Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31

Сенатот го блокира законот за воведување санкции за Меѓународниот кривичен суд поради Израел

0
Демократите во американскиот Сенат во вторникот ги блокираа напорите на републиканците за санкционирање на Меѓународниот кривичен суд за издавањето налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант во врска со војната во Појасот Газа.


Во извештајот се наведува дека предлогот „Закон за незаконска судска реакција“ бил поддржан од 54 сенатори, а за усвојување се потребни најмалку 60 гласа во Сенатот.


Против усвојувањето на законот гласаа 45 сенатори, додека еден сенатор беше воздржан.


Нацрт-законот беше усвоен претходно месецов во Претставничкиот дом на САД, со 243 гласа „за“ и 140 „против“.


Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на Нетанјаху, Галант и водачот на палестинската милитантна група Хамас, Ибрахим ал-Масри (познат и како Мухамед Деиф), во ноември минатата година, иако израелската војска соопшти дека тој бил убиен во воздушен напад врз Газа во јули 2024 година.




Како што претходно објави Меѓународниот кривичен суд, судиите нашле „разумна основа“ дека тројцата мажи сносат „кривична одговорност“ за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната меѓу Израел и Хамас, група која САД и Европската Унија ја сметаат за терористичка.


Ова ги вклучува, како што наведуваат, „военото злосторство гладување како метод на војување и злосторства против човештвото, како што се убиства, прогон и други нехумани дејствија“, објави Ројтерс.




Ниту Израел, ниту Соединетите Држави не се членови на Меѓународниот кривичен суд.


И покрај налозите за апсење, како што јави АП, ниту еден од осомничените најверојатно наскоро нема да се појави пред судиите во Хаг. Самиот суд нема полиција за извршување на наредбите, туку се потпира на соработката на земјите-членки.


Меѓународниот кривичен суд е последната инстанца која покренува постапка во случаи кога домашните власти не можат или не сакаат да ги истражуваат.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Мирра Андреева вошла в топ‑10 чемпионской гонки WTA






«Перекресток» представил новую линейку блюд китайской кухни

"Вертолёт использует лётный отряд президента США": В России гадают, кто был на борту столкнувшегося с самолётом "Чёрного ястреба"

Shot: На первый концерт Седоковой после смерти Тиммы не купили ни одного билета

В 2024 году более 170 тысяч семей в Москве и Московской области получили единовременное пособие при рождении ребенка