Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2025

Пратениците усогласија предлог за нов состав на АВМУ

0
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) наскоро се очекува да добие нов состав откако пратениците од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седницата (29 јануари) утврдија предлог одлука со седум имиња за нови членови.


Предлог-одлуката сега треба да се официјализира и со гласање на пленарна седница на Собранието.


Тројца од кандидатите ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и тие беа изгласани со 10 гласа „за“. Станува збор за кандидатите: Виктор Павловски дипломиран инженер по производна информатика, Сашо Стефановски кој дипломирал филмска уметност и ТВ снимател и Петар Џуровски кој е дипломиран филмски и ТВ монтажер.


На предлог на ЗНАМ – коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, беше изгласана новинарката Цветанка Миновска.




Третиот коалициски партнер во власта, коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН), пак, предложи две кандидатки кои добија мнозинство гласови: Афрона Верзиволи и Нафије Селмани.


Седмиот член дојде по предлог на СДСМ. Првично, социјалдемократите го предложија кандидатот Арбен Саити, но тој само не доби поддршка од пратениците, по што од опозициската партија дадоа нов предлог – Гордана Мајнова, која го доби потребното мнозинство.


Пратеничката од опозицискиот Европски фронт, Илире Даути, обвини дека со овие предлози, се партизира Советот на АВМУ.


„Нема зошто да земаме учество во оваа претходно наместена игра од страна на политичките партии. Се гледа дека добро се координирале во овој случај ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ, можеби и со СДСМ и од друга страна со Левица, можеби и со ВЛЕН. За да не сме дел од сето ова, уште еднаш да го изјасниме нашето противење на навлегување на политиката во медиумите, нас ни преостанува да ја напуштиме оваа седница во знак на протест“, рече Даути која потоа со останатите пратеници од Европскиот фронт ја напуштија седницата.


Од опозициската коалиција и претходно реагираа на дел од кандидатите. Меѓу нив, и за двете кандидатки кои денеска на предлог на ВРЕДИ добија зелено светло од собраниската Комисија – Афрона Врзиволи и Нафије Селмани.


Верзиволи беше прозивана како партиски кадар бидејќи нејзиниот сопруг, според медиумските извештаи, е на чело на партиски огранок на Алијанса за Албанците. Таа претходно беше назначена за главна ревизорка на ИПА фондовите, но по реакциите дека таа воопшто нема лиценца, Владата ја разреши.


Реакциите за Селмани, пак, беа бидејќи таа е советничка во Општина Чаир, а до 2021 година била дел и од претседателството на партијата Алтернатива – дел од коалицијата „Вреди“ (ВЛЕН).




Ова е трет обид да се изберат нови членови на Советот на АВМУ. На конкурсот првично се пријавија 31 кандидат. Во меѓувреме еден се откажа, а шестмина беа дисквалификувани зашто не донеле уверение за државјанство. Останаа само 24, но непосредно пред првата седницата на собраниската Комисија на 13 ноември кога се претставуваа кандидатите, од Собранието стигна вест дека двајца се откажеле: Миле Бошњаковски и Виктор Грозданов.


Грозданов потоа во изјава за медиумите демантираше дека се повлекол и дека имал таква намера туку, рече, воопшто не добил покана за седницата во парламентот.


Актуелниот состав на Советот на АВМУ почна со работа на средината на 2014, а мандатот требаше да му трае седум години. Но, поради политички блокади во Собранието тој се пролонгираше до изборот на нови членови. Мандатот ќе му заврши кога предлогот од седумте кандидати, усвоен денеска, ќе биде изгласан на пленарна седница на парламентот.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Касаткина проиграла американке Крюгер во втором круге турнира WTA в Абу-Даби






Кремль возложил оценку реконструкции Большого Московского цирка на москвичей

Старт главного киберспортивного события по Warface — LAN-финал Astrum League Championship в Москве

В Якутии установят возраст ископаемого бизона с помощью радиоуглеродного анализа

В Подмосковье упал легкомоторный самолет