Апликацијата на Северна Македонија во единствената област за плаќање во евра - СЕПА се очекува наскоро да биде одобрена, а целосното интегрирање би можело да се случи во октомври годинава. Придобивките за граѓаните, но уште повеќе за бизнисот би биле побрзи трансакции, дигитализација и пристап до европскиот пазар, но и најважно – помали трошоци.