Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2025

Заборавената кампања на Бугарија за бришење на турските имиња

0
Севгинар Махмуд се сеќава на 26 декември 1984 година, како да беше вчера. Таа се сеќава на нејзината пријателка која била погодена од куршум, очајните  плачења на нејзините соседи кои умираат во каналот покрај патот. И се сеќава на војниците кои упаднале во нејзиното село за да и го сменат името.


Пред околу 40 години, во декември 1984 година, комунистичките власти во Бугарија започнаа насилна и систематска кампања за да ги принудат етничките Турци да ги променат имињата во бугарски. Тоа беше дел од „процесот на преродба на режимот“, кој се обиде да воспостави обединет бугарски идентитет и, исто така, постави ограничувања на турскиот јазик и ги забрани верските и културните традиции.


Репресијата, во која загинаа речиси 2500 Турци и резултираше со депортација на 320 000 луѓе во Турција пет години подоцна, нашироко се смета за една од најголемите кампањи за присилна асимилација против муслиманската заедница во Европа во 20-тиот век.


Меѓутоа, бугарските Турци до ден денес тврдат дека правдата никогаш не била задоволена, ниту едно лице или институција никогаш не била повикана на одговорност.


Тогаш, на само 18 години, Махмуд живеела во Груево, село во областа Карџали во јужна Бугарија, каде живеат голем број етнички Турци. Како што се ширеле гласините за насилните промени на името, загрижените граѓани излегле на улиците, собирајќи се во Момчилград, еден од најголемите урбани центри во регионот, на 26 декември 1984 година.




Имаше пукање, вели Махмуд, но таа сепак одлучила да се приклучи на протестите во Момчилград.


„Не се плашев затоа што бевме невини. Немавме ништо, дури ни стапови. Бевме обични селани“, изјави таа за бугарскиот сервис на РСЕ.


Протести за зачувување на името


Протестите првично биле мирни, со збунети и испаничени граѓани кои се обидувале да добијат одговори од властите за гласините за промена на името. Но, тие набрзо станале насилни, со војници и полицајци кои употребиле водени топови, палки, а потоа и директни напади против толпата.


Додека демонстрантите бегале, пријателката на Махмуд, Фериште, била застрелана во грб. Обилно крварела, па Махмуд ја однела во болница. Таму, вели таа, била сведок на нешто што никогаш нема да го заборави: било донесено 17-месечно девојче по име Туркјан. Било мртво.


Носејќи торба со крвавата облека на Фериште, Махмуд се вратила дома во Груево за да ги предупреди луѓето.


„Им ја покажав облеката и им реков: „гледајте, тие пукаат во луѓе. Тие не штедат никого“, раскажува Махмуд.




Кога војниците пристигнале подоцна истата вечер, селаните биле подготвени.


„Почнаа да пукаат, но ние не побегнавме. Целото село - деца, млади, возрасни, сите беа надвор“, се сеќава Махмуд.


Формирале синџир од луѓе и запалиле гуми.


Махмуд се сеќава дека тројца селани - Абдулазиз Бекир, Мустафа Али и Мустафа Ибрахим паднале во ров откако биле застрелани. И покрај тоа што плачеле од болка, војниците не дозволиле никој да им помогне.


На крајот, во областа Крџали бил воспоставен полициски час и имало силно полициско присуство на улиците. Секаква комуникација со надворешниот свет била прекината. Комунистичките власти заплениле лични документи и насилно ги менувале имињата на етничките Турци.


Севгинар станала „Снежана“.


Тие дури и ги ваделе турските имиња од надгробните споменици.


За само три месеци, тврдокорниот комунистички режим насилно ги сменил имињата на над 800 000 луѓе. Ним им било забрането јавно да зборуваат турски или да ги почитуваат нивните верски и културни традиции- ограничувања што траеја до падот на комунизмот во 1989 година. Етничките Турци, кои властите ги сметале за водачи, биле затворани без судење во концентрациони логори.




Во таа последна година од комунистичкото владеење, властите, под диктаторот Тодор Живков, депортирале 320 000 бугарски Турци во Турција.


Се проценува дека една третина од турското население во земјата е депортирана, што е најголемата масовна миграција на луѓе во Европа од протерувањето на судетските Германци од Чехословачка во 1946 година.


Сепак, семејството на Махмуд не било депортирано, а на прашањето на РСЕ, зошто, таа одби да одговори.


Некои Турци ја избегнаа депортацијата, бидејќи се сметаа за витални за економијата или имале лични врски со властите. Други етнички Турци, комунистичките власти ги сметаа за веќе асимилирани.  


Откако Живков беше соборен во ноември 1989 година и со етничките Турци кои излегоа на улиците уште еднаш да протестираат, Комунистичката партија ги врати правата на бугарските Турци и муслиманите, одлучи да ги врати нивните родени имиња (процес што продолжува до ден-денес) и дозволи уште еднаш да зборуваат турски. До крајот на 1991 година, до 200 000 етнички Турци се вратија во Бугарија.


Нема правда


Во раните 1990-ти, Живков и други официјални комунисти беа обвинети за злосторства поврзани со репресија на етничките Турци, вклучително и „застапување или поттикнување на национално непријателство или омраза“.


Сепак, случаите се одолговлекуваа и обвиненијата беа намалени или на крајот отфрлени. Никој никогаш не бил осуден, а сите вмешани сега се мртви.


Махмуд вели дека никогаш не очекувала да види правда.


„Знаевме дека никој нема да биде казнет. Ние сме овде малцинство“, вели таа.


Иако проценките се различни, сега се смета дека има најмалку 500 000 етнички Турци во Бугарија, која има население од околу 6,8 милиони.




Годинава комеморативни церемонии се одржаа во различни градови по повод 40-годишнината од процесот на преродба, вклучително и во Момчилград, каде што спомен-фонтаната го носи името на Туркјан, малото девојче кое почина.


Додека членовите на бугарската етничка турска заедница и претставници од Турција ја одбележаа годишнината на 29 декември 2024 година, немаше претставници од бугарската влада или официјални изјави за да им оддадат почит на загинатите.


Сега, 58-годишната Махмуд сè уште живее во областа каде што се случи насилството. Додека етничките Турци во Бугарија сè уште се соочуваат со пречки како социо-економска нееднаквост и дискриминација, особено во вработувањето во јавниот сектор и високото образование, животот на Махмуд во голема мера се нормализира. Таа има син, ќерка и три внуци. Работи во козметичка компанија, а понекогаш го посетува семејството во Англија.


Но, настаните од 1984 година сè уште ја потресуваат.


„Никогаш нема да ја заборавам мојата пријателка. Или Туркијан“, вели Махмуд.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Елена Рыбакина вышла в полуфинал турнира в Абу-Даби, с трудом одолев Онс Жабер






Февральская коллекция обуви Pródan

В Подмосковье сотрудники Росгвардии почтили память Героев Сталинградской битвы

Сына миллиардера Аблитарова, сооснователя марки водки "Белуга", приговорили к тюремному сроку

Онколог Каприн назвал два главных правила для снижения риска онкологии