Осомничениот кој ја прегази Фросина имал телефон во притвор
„Направен е претрес, одземен е тој телефон, а притоа одземени се и други телефони. Направени се претреси во повеќе ќелии и се прави истрага кој е тој полицаец кој го дал телефонот, иако мојот сомнеж е дека не е еден, туку повеќе кои го тераат тоа како бизнис. Како нова власт имаме фатено доста такви, но за жал, се уште има такви, изјави попладнево Пандов.
И од семејството на починатата Фросина побараа од Министерството за внатрешни работи да го најде одговорниот кој му дал телефон на Васил Јованов.
- Од семејството на свирепо убиената Фросина Кулакова јавно се обраќаме до МВР - Сектор за Внатрешна Контрола да се пронајде одговорниот што го снабдил со телефон убиецот - монструм и да биде соодветно санкциониран. Системот повторно потфрли! Дали ќе се дозволи корумпцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее?! Чие дете е следно?, напиша сестрата на Фросина на „Фејсбук“.
За ова претходно информираше и Социјалдемократскиот сојуз од каде побараа одговор од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој му довзолил на обвинетиот да има телефон во затвор.
„Ова е скандал кој го зголемува сомнежот дека виновникот е заштитено лице на власта. Сомнежот станува уште поголем ако се земе предвид дека неговиот татко неодамна бил промовиран во Армијата лично од министерот за одбрана Мисајловски, велат од СДСМ.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кво објава на Фејсбук побара од СДСМ да не ја користи трагедијата за да собира политички поени.