Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Протестен марш во Струмица против загадувањето

0
Енормното загадување на воздухот во Струмица со ПМ 10 честички и заради надминатиот праг на алармирање, како и по четврти пат оваа зима стапување во сила на препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска ги крена струмичките екологисти и граѓаните на протестен марш под мотото „Забрането дишење“во организација на Еколошкото здружение „Здрава котлина“ од Струмица.


Организаторите побараа спроведување на план за итни мерки и долгорочни решенија за заштита на животната средина во Струмичката котлина и за намалување на загадувањето со вонредни и краткорочни мерки.


„Привремена забрана за работа на индустриските погони со висок степен на загадување додека не се инсталираат филтри и не се потврди усогласеност со еколошките прописи, контрола на согорување на опасни и несоодветни материјали во пластениците и индустриските објекти со дваесет и четири часовни патроли, користење на рачни мерачи и дронови, итно затворање на дивите депонии кои испуштаат токсични гасови, нивна санација и физичко обезбедување на локациите со камери и бариери, зачестена контрола на нелегална сечна на огревно дрво, забрана за дотур и пуштање во промет на огревно дрво што не е отстоено во склад осум месеци од денот на сечење, рече Оливера Аризанова Мансабрт, која ги пренесе барањата на екологистите за намалување на загадувањето на воздухот во Струмица.




Таа истакна и други барања за намалувањето на загадувањето кои ќе бидат доставени до надлежните за да постапат по нив.


Според Стојан Велков од Трн, институциите кои треба да се справуваат со загадувањето спијат и има несовесни загадувачи кои горат се си сешто во своите печки.


Ова загадување е масовно убиство на Македонија. Ова загадување го има во сите градови, но Струмица води, таа е втора во Македонија, седма во Европа. Од каде ова загадување сите се прашуваме. Имаме индустриски капацитети што загадуваат, имаме фабрики што работат без филтри, имаме несоодветно регулиран сообраќај, имаме домови кои користат најразлични материјали за затоплување, но најголем загадувач е корупцијата која владее, истакна Велков Трн.


Според Ѓорги Танушев, советник во Советот на Општина Струмица од Коалицијата „Стига“ и еколошки активист, воздухот е многу загаден и според медицинските статистики Струмица е на врвот според болестите предизвикани од тоа.


Додаде дека Струмица е на седмо место по загаденост во Европа и на 522 место од 7,5 илјади градови во светот.


Протесниот марш се одвиваше по улиците на Струмица, а заврши пред зградата на Општина Струмица каде беа прочитани барањата на екологистите за намалување на загадувањето.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Калинская в полуфинале WTA в Сингапуре






Гибель тургруппы Игоря Дятлова: что произошло на горе Мертвецов

Рогозин: чиновники не понимают важности быстрого реагирования на проблемы армии

НХЛ спрогнозировала дату рекорда Овечкина

Девять детей отравились едой в отеле на юго-востоке Москвы