Времето денеска променливо облачно
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд.
Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Утрово најстудено било во Берово, Маврови Анови, Попова Шапка и Лазарополе каде биле измерени 0 степени, 2 било во Крушево, Битола, Прилеп, Струмица, Крива Паланка и Демир Капија, 3 во Штип, Кавадарци и Скопје-Зајчев Рид, 4 во Гевгелија, Претор, Велес и Скопје-Петровец, 5 во Тетово, Охрид и Виница.