Четиригодишно дете починало во Струшката болница
Според информацијата, случајот во полиција бил пријавен во 9:50 часот од медицински лица од Општата болница во Струга.
Детето имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри, потврди за МИА директорот на Струшката болница Владимир Бунчески.
Во изјава за МИА посочи дека детето било донесено во многу тешка состојба со подраширени зеници и оти борбата на лекарите да го вртат во животот била не успешна. Детето било родено во Италија со тешка форма на церебрална парализа, каде докторите им соопштиле на родителите дека ќе живее три до шест месеци.
„Детето во Болницата во Струга е донесено во многу тешка форма со подраширени зеници, ослабено срце и загрозени сите витални параметри. И покрај долгата реанимација и борбата на лекарите да го вратат во живот било неуспешно. Имало тешка форма на респираторна инфекција со загрозени сите витални параметри. Родителите биле свесни околу состојбата, информира Бунчески.
Полицијата во координација со јавен обвинител, презема мерки за целосно расветлување на настанот.
Пред само две недели по два дена откако беше примено, почина деветгодишно дете на скопската Клиника за детски болести. Детето на 14 јануари било доведено на скопската клиника од штипската болница во тешка состојба а после само два дена почина.
Во рок од неколку месеци ова беше петти слиучај да почине дете на истата клиника.
На 16 јануари пак починаа две новороденчиња, близначиња, на околу 15-тина дена старост.