Тајван им забрани на владините служби да ја користат услугата за вештачка интелигенција DeepSeek
Демократскиот Тајван долго време беше претпазлив за кинеската технологија со оглед на тврдењата на Пекинг за суверенитет над островот и неговите воени и политички закани против владата во Тајпеј.
„За време на состанокот на владата, тајванскиот премиер Чо Јунг-таи рече дека е забрането користење на DeepSeek во сите владини агенции „за да се обезбеди безбедноста на информациите на земјата“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
Исто така, постои загриженост за цензурата на DeepSeek и ризикот податоците да завршат во Кина, се додава во соопштението.
Тајванското Министерство за дигитални прашања во петокот (31 јануари) соопшти дека владините оддели не треба да користат DeepSeek, но конкретно не кажаа дека тоа е забрането.
Властите во Јужна Кореја, Франција, Италија и Ирска, меѓу другите земји, исто така ја истражуваа употребата на лични податоци од страна на DeepSeek.