Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Новата белгиска Влада положи заклетва

0
Членовите на новата Федерална влада на Белгија денеска во Кралската палата во Брисел положија заклетва пред белгискиот крал Филип, по што новиот премиер Барт Де Вевер официјално треба да ја преземе должноста од неговиот претходник Александар Де Кро. 


Новата Влада покрај Де Вевер ја сочинуваат и петмина вицепремиери, кои ќе имаат и министерски задолженија, како и 10 ресорни министри или вкупно 16 члена, од кои 12 мажи и четири жени.  


Од редовите на најголемата партија во новата владина „Аризона“ коалиција, десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА) на Де Вевер, доаѓаат и вицепремиерот и министер за финансии, пензии и културни институции Јан Јамбон, министерот за одбрана и надворешна трговија Тео Франкен и министерката за азил, миграција и урбана политика Анелин Ван Босајт.  


Валонското либерално Реформско движење (МР) во новата Влада има четири членови.  Вицепремиерската функција ќе ја врши Давид Кларинвал, кој воедно е и министер за вработување, економија и земјоделство. Досегашниот шеф на белгиската дипломатија Бернар Квинтан е нов министер за внатрешни работи и безбедност, Елеонор Симонет министерка за средна класа, самовработување, мали и средни претпријатија, а Матје Бије ќе раководи со Министерството за енергија. 




Лидерот на втората валонска партија во Владата, центристичката Посветените (ЛЕ), Максим Прево е вицепремиер и министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, а неговите сопартијци Жан-Лук Крик и Ванеса Мац, министри за мобилност и клима и за државната служба, јавните претпријатија и дигитализација.  


Од редовите на фламанската социјалдемократска партија Напред (Вуројт) во новиот владин Кабинет доаѓаат Франк Ванденбрук, како вицепремиер и министер за здравство и Роб Бендерс како министер за прашања на потрошувачите, социјална политика и еднакви можности.  


Членови на Владата од редовите на десноцентристичката Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ) се вицепремиерот и министер за буџет и административни реформи Винсент Ван Петегем и министерката за правда и Северното Море, Анелис Верлинден.  


Новата Влада стапи на должност откако во петокот вечерта петте партии ја усогласија владината програма и потпишаа коалициски договор, за што Де Вевер веднаш го информираше кралот Филип, кој формално му го врачи мандатот за формирање на владиниот Кабинет.    


Инаку, името „Аризона“ на новата владина коалиција потекнува од боите на петте партии – жолта (НВ-А), сина (МР и ЛЕ), црвена (Ворујт) и портокалова (ЦДВ), кои се и на знамето на американската сојузна држава Аризона. На формирање на Владата се чекаше 239 дена од изборите одржани на 9 јуни минатата година.  


Пртеходната Влада беше формирана во октомври 2020 година, 494 дена по изборите одржани на 26 мај 2019 година. 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Анна Калинская снялась с матча по ходу полуфинала турнира WTA-250 в Сингапуре






В Рязани состоится 25-й фестиваль «Рязанский Валенок»

Республика Алтай стала лидером по количеству модельных библиотек

Вертолет прибыл на место аварии автобусов в Солнцево

В Подмосковье пожарные спасли 10 минипигов из горящей квартиры