Двајца израелски војници загинале, а осум биле ранети во напад на пункт во Западниот Брег
„Еден од загинатите војници е пензионираниот наредник Офер Јунг (39) од Тел Авив, командант на вод во 8211-от резервен баталјон на бригадата Ефрем, а името на вториот загинат војник ќе биде објавено подоцна денеска“, соопшти израелската војска, а пренесе израелскиот весник „Times of Israel“.
Од осумте ранети израелски војници, двајца се во критична состојба, додека шест се со полесни повреди.
Според израелските сили, палестински напаѓач рано утрината (4 февруари) успеал да се прикраде до израелскиот воен контролен пункт и отворил оган врз војниците.
Напаѓачот неколку минути разменувал оган со израелските војници, но потоа бил убиен додека се обидувал да побегне.