Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Искусни медицинари останале без работа, на нивно место нови кадри

0
Медицински сестри и техничари кои шест, односно седум години работеле со договор на дело, останале без работа и наместо нив, примени се луѓе однадвор во повеќе здравствени установи низ државата, информираа денеска од Унијата на петте здруженија на медицински сестри и техничари предводена од Здружението „За нас“.


Претседателката на Унијата, Гордана Бешлиовска тврди дека на медицинските сестри и техничарите всушност не им било кажано да не доаѓаат на работа, туку дека немало финансиска согласност за нивната јануарска исплата. На денешната прес конференција таа посочи и на примери во кои на медицински сестри со високо образование им се забранувало да одат во смени, бидејќи ќе земеле големи плати со дежурствата.


„Реагираме по којзнае кој пат и апелираме да се престане со поразителната поделба на медицинските сестри и техничари според политичката реторика и опција, поделбите од типот на средни и високи, полова и возрасна поделба, но и тотално неразумната поделба по национална или етничка припадност. Затоа што во нашата професија единствениот фактор што го определува квалитетот се професионализмот и емпатијата“, истакна Бешлиовска.




Според податоците на Унијата, земјава се соочува со недостиг на медицински сестри и техничари, а токму поради тоа, вели Бешлиовска, раскинувањата на договорите се несериозни и нехумани.


„Тие како такви, треба да бидат поединечно образложени и поткрепени со факти“, додаде таа.


Бешлиовска предупреди дека запоставувањето на вредноста на професијата ќе остави катастрофални последици врз здравствениот систем, ќе ја намали вредноста на пациентите, а ќе ја поскапи здравствената нега.


„Бараме да бидеме вклучени во сите инстанци и на сите нивоа каде се носат какви било одлуки за медицинските сестри и медицинските техничари. Оваа професија се одбира и се работи затоа што се сакаат животот и добробитта на пациентите. Ако нацијата е богатство на државата, тогаш медицинските сестри се богатство на нацијата. Време е решавањата да бидат системски и систематски во интерес на сите“, порача Бешлиовска апеирајќи итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување.


Во пресрет на денешната прес конференција, таа вчера упати и отворено писмо во кое обвини дека состојбата ја влошуваат законски недоречености. Незадоволството кај медицинските сестри и техничарите доаѓа во период кога здравствениот систем се соочува со сè поголем одлив на луѓе од оваа професија. Реакцијата следува неполна година по „алармот“ дека по ковид пандемијата имало период кога на месечно ниво по четириесет медицински сестри заминувале од сите нивоа на здравствениот систем.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Швёнтек: Я и Соболенко — то, чего WTA некоторое время не хватало. Болельщики в восторге






Экологические последствия сброса воды из водохранилищ на Волге обсудят в Казани

Экипаж рейса рейса Москва-Пенза сообщил о срабатывании оповещения о возможном воздушном столкновении

Посол РФ Григорьев: Таджикистан участвует в расследовании теракта в «Крокусе»

Постпред РФ: пошлины на российские сельхозпродукты вызовут рост цен в ЕС