Рубио ги обвини Никарагва, Венецуела и Куба дека предизвикуваат миграциска криза
„Овие три режими кои постојат во Никарагва, Венецуела и во Куба се непријатели на човештвото и создадоа миграциска криза. Да немаше такви режим, немаше да има миграциска криза на хемисферата. Ја создадоа бидејќи тоа се земји чии системи не функционираат“, истакна Рубио на прес-конференција во Костарика.
На изјавата на Рубио, кој е син на кубански мигранти, реагираше претседателот на Куба, Мигел Дијас-Канел истакнувајќи оти „повторно дрскост ги зафаќа циничните американски политичари“.
„Докажано е дека миграцискиот егзодус во Куба е пропорционален со влошувањето на блокадата што го лишува нашиот народ од основните добра. Човештвото е во опасност поради вашиот неофашизам“, истакна Дијас-Канел.
Рубио во вторникот замина од Костарика за Гватемала, откако веќе ги посети Панама и Ел Салвадор.
Водачот на Ел Салвадор, Наџиб Букеле понуди да смести осуденици од американските затвори во мега-затвор за членови на банди отворен пред две години.
Рубио му се заблагодари за понудата и рече дека Букеле исто така е подготвен да прифати депортирани членови на банди од други земји од Латинска Америка, вклучително и Венецуела.
Тој рече дека администрацијата на Трамп ќе треба да процени дали може да ја прифати понудата на Ел Салвадор за сместување на американски осуденици.