Кина ја отфрла идејата на Трамп за американска контрола врз Газа
„Кина цврсто ги поддржува легитимните национални права на палестинскиот народ, изјави портпаролот на министерството“, Го Ѓакун.
Претходно Трамп предложи американска администрација да ја преземе контролата врз Газа, каде Израел повеќе од 16 месеци спроведува воени операции како одговор на нападот на Хамас во октомври 2023 година.
Трамп предложи Палестинците од Газа да бидат преселени во Египет и Јордан, што беше категорично отфрлено од арапските и палестинските лидери.
Повеќето светски лидери поддржуваат решение со две држави – израелска и палестинска, кои би коегзистирале една покрај друга.
„Газа е дел од палестинската територија, а не политичка монета за поткусурување“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
Кина најави дека ќе продолжи да работи со меѓународната заедница за да го поттикне решението за две држави како единствен одржлив начин за правично решавање на палестинското прашање.