Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Грчкиот Парламент не избра претседател на Грција и по третото гласање

0
Ниту еден од четворицата кандидати за претседател на Грција не ги доби потребните минимум 180 гласа при денешното трето гласање (6 февруари) во Парламентот, а следното, кое се очекува да биде и клучно, ќе се одржи по пауза од пет дена, односно следната среда, јави МИА.


Гласањето е јавно со прозивање на секој од пратениците кои имаат две опции: или да одберат еден од кандидатите или да изјават дека се воздржани.


Четворицата кандидати добија идентичен број гласови како и при првите две гласања одржани на 25 и 31 јануари, а и денеска воздржани беа 52 пратеници.




Константинос Тасулас, кој до неодамна беше претседател на Парламентот, како предлог од владејачката Нова демократија повторно доби 160 гласа. За поранешната пратеничка и министерка од ПАСОК Лука Кацели предлог од СИРИЗА  гласаа 40 пратеници. Поранешниот министер и професор Тасос Јаницис предложен од ПАСОК, доби 34 гласа. За писателот Костас Кирјаку предлог на партијата Победа гласаа повторно 14 пратеници.


При првите две гласања потребно беше двотретинско мнозинство, додека пак денеска за избор на шеф на државата неопходно беше еден од кандидатите да добие три петтини, односно 180 од вкупно 300 пратеници, што не беше постигнато, па затоа гласањето ќе се повтори на 12 февруари.


Тогаш ќе биде потребно мнозинство од вкупниот број пратеници, односно најмалку 151 глас, а според резултатите од трите гласања, се очекува Грција следната среда да добие нов претседател и Константинос Тасулас да биде избран за шеф на државата со поддршка од околу 160 пратеници.


Петгодишниот мандат на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу завршува на 13 март годинава. 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Елена Рыбакина вышла в полуфинал турнира в Абу-Даби, с трудом одолев Онс Жабер






В Подмосковье сотрудники Росгвардии почтили память Героев Сталинградской битвы

Главный архитектор Москвы рекомендовал Казани взять пример со столицы

Февральская коллекция обуви Pródan

В Подмосковье сотрудники Росгвардии почтили память Героев Сталинградской битвы