Против поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески имало пријави до институциите и од вработени за незаконски постапувања. “Свиркач“ пријавил незаконско работење на СОЗР во Антикорупциска, но потоа доживеал закани и мобинг, а не добил никаква заштита. Укажувањата на “свиркачот“ за фалсификување на документ подоцна биле потврдени и во ревизијата на Резвизорите за работата на Службата.