Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Пратениците од власта поднесоа интерпелација за членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

0
Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието.


„Сакам да потсетам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаше против Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година и тој не беше усвоен од страна на Сoбранието. Тоа доволно говори и е само една од многуте причини поради која што денеска ја поднесуваме оваа интерпелација. Европската Унија и јавноста во Република Македонија постојано укажуваат на сериозни недостатоци во работата на Судскиот совет, особено во односот на независноста, транспарентноста и отчетноста. Овие забелешки се од клучно значење за процесот на реформи во рпавосудствниот сектор и напредок на земјата кон членството во ЕУ“, рече на денешната прес-конференција Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.


Потенцира дека досега очекувале Судскиот совет сам да покрене иницијативи за разгледување на Извештајот.


Според Мицевски, решавањето на овие предизвици е непходно за враќање на довербата во судскиот систем и за зацврстување на владеењето на правото.


„Судскиот совет кој што е клучна инситуција за функционирањето на правната државаи одржувањето на владеењето на правото во Македонија. Затоа, секоја сенка на сомнеж  во работата на неговите членови мора да биде темелно анализирана, а јавноста треба да биде уверена дека Советот работи чесно, професионално и во интерес на граѓаните. Наша цел е да дадеме придонес и да направиме се што е во рамките на нашите уставни и деловнички надлежности и можности за да овозможиме подобар, поефикасен и независен правосуден систем кој што ќе значи и ќе донесе голема правда за секој еден граѓанин на Македонија подеднакво“, рече Мицевски.




Побара поддршка од сите опозициски парламентарни партии и сите други пратеници за овие измени. 


Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека граѓаните се незадоволни од функционирањето на судско-обвинителскиот систем кој, како што рече е „мочуриште преполно со контроверзии и скандали“.


Спроведување на коренити реформи во правосудството и распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители, беше едно од ветувањата во предизборната програма и клучен приортитет на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Саснович пробилась в ⅛ финала турнира WTA-250 в Румынии






Легендарного футболиста СССР напугала дикая африканская привычка. Он боялся за свою жизнь

Передать подарки участникам СВО к 23 Февраля можно в 50 городских локациях

Зим не будет: Академик дал тревожный прогноз - "Будут год от года бить рекорды"

Весной нагрянут аномальные морозы покруче зимних: синоптики удивили прогнозом на март и апрель